Нов земјотрес од 4,3 степени во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Утрово нов земјотрес го погоди регионот на градот Кахраманмарас, со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала.

Овој град беше најпогоден од разорните земјотреси што ја потресоа Турција, на 6 февруари.

Во земјотресите во Турција и Сирија до овој момент животот го загубија нешто повеќе од 50.000 илјади луѓе.