Нова трагедија: 22-годишна девојка пронајдена мртва во Белград

Девојката А.С. на возраст од 22 години, е пронајдена мртва во Белград, потврдија од српското МВР за порталот N1. Дежурниот јавен обвинител и припадниците на МВР вршат увид.

Телото е пронајдено на улицата Мадридска во Ѕвездара. Брзата помош примила повик во 12 часот и 55 минути, но смртта можеле да ја констатираат само по пристигнувањето на терен, јавува репортерот на N1.

За Н1 полицијата потврди дека нема индиции за силување, што го пренесоа многу медиуми.

Како што соопштија од Вишото јавно обвинителство, обвинителот наредил обдукција со токсикологија, по што ќе се знае причината за смртта.

Наредено е и обезбедување и прибирање на сите други релевантни докази со цел расветлување на околностите на случајот, соопшти обвинителството.