НИКОБ: ТЕНДЕНЦИОЗНИ И КРАЈНО НЕПРОФЕСИОНАЛНИ СЕ НАПАДИТЕ ВРЗ КОМПАНИЈАТА | РАБОТИМЕ СПОРЕД НАЈВИСОКИ СТАНДАРДИ

Компанијата ги оценува како тенденциозни и крајно непрофесионални нападите кои ги

лансираше „Гласен текстилец“ во врска со деловната одлука на Корисникот на услуги, која е надвор

од наша можност на влијание.

Станува збор за промена на начинот на обезбедување од 24 часовен на 12 часовен, и од тие

причини вработените дирекцијата за физичко обезбедување на НИКОБ што беа ангажирани да ги

обезбедуваат објектите на државната управа низ државата мораше да бидат прераспределени на

други објекти што е редовна пракса кај агенциите за обезбедување.

Од непознати причини мал дел од вработените одбија да бидат распределени во рамки на

можностите кои во моментот ги има компанијата. Право на личен избор на секој од нив е дали тоа

ќе го прифатат или не.

Компанијата Никоб Обезбедување останува посветена на високите стандарди за работа и

давање на врвни услуги од нашиот домен на работа. Ние и понатака ќе одговараме на барањата на

сите клиенти согласно склучените договори, а според нашите високо професионални стандарди.

Создавањето искривена перцепција кај читателите не е реалната слика и вистинска

информација за состојбите поврзани со конкретниот настан и не е во ничија корист.

За сите останати прашања вработените може во секое време да се обратат во секторите на

компанијата, што е веќе 25 години воспоставена пракса. Ова е единствениот начин на кој се создава

добра пракса и доверба.

Со почит,

Никоб обезбедување