Нашиот Македон повторно со нов подвиг (ВИДЕО)

Македон Димитровски, малиот генијалец од Тетово, повторно го украде вниманието.

Овојпат неговиот татко објави видео во кое неговиот син зборува за македонската историја.

Македон без грешка ги реди годините и настаните од времето кога се родил големиот војсководец Александар, па станал крал на Македонија во 336 п.н.е. Потоа раскажува и за големиот поход, за освојувањето на Персија..

Македон Димитровски кој медиумите го нарекуваат „македонското чудо од дете“ е првиот талент кој доби поддршка во рамки на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ иницирана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

Осумгодишниот генијалец и оваа година успеа да освои медал на меѓународниот натпревар по математика. Тој освои сребрен медал на „Математика без граници“.

Неговиот коефициент на интелигенција е 134.

Погледнете го видеото

https://www.facebook.com/100000080310522/videos/130246896433358/

1 thought on “Нашиот Македон повторно со нов подвиг (ВИДЕО)

Comments are closed.