Мртов маж пронајден во неготинско

40-годишен маж од село Тимјаник, Неготино, вчера бил пронајден починат во семејната куќа. Од СВР Велес велат дека случајот бил пријавен во полициската станица во Неготино, вчера во 17 часот.

– Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од ОВР Неготино – соопштија од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.