Мотор удри во мајка и дете на пешачки во Карпош 4, во обид да побегне моторџијата се удрил во друго возило

Дете и мајка удрени на пешачки премин во скопската населба Карпош 4. Моторџија ги удрил и продолжил да се движи по улицата „Никола Парапунов“ но, потоа удрил во автомобил во спротивната насока, пренесе Телма.

Детето и мајката се повредени и во шок. Префрлени се со возило на итна помош на лекарска интервенција и се полесно повредени.

На местото на несреќата на пешачкиот останале бонбоните кои детето ги носело додека одело на преминот.

Прва помош на повредените им укажале здравствените работници од блискиот старечки дом.