Морето кај Истанбул се повлече за 25 метри (ВИДЕО)

Мраморното Море кај Истанбул наеднаш се повлекло за 15 метри, што предизвикало голема загриженост кај жителите.

Од Техничкиот факултет во Истанбул, пак, велат дека повлекувањето на морето не е поврзано со разорните земјотреси што на 6 февруари го погодија југот на земјата и однесоа повеќе од 37.000 животи во Турција и соседна Сирија.

„Причината за тоа не се неодамнешните земјотреси. Станува збор за метеоролошки феномен, кој настанал поради промени во притисокот“, велат експертите, пренесува НТВ.

И покрај тоа што експертите информираат дека нема потреба за грижа, жителите на Истанбул вознемирено споделуваат фотографии и видеа од голиот брег на социјалните мрежи.

„Овде живеам 20 години и до минатата недела не можев да се приближам до овој дел од плажата во Авчилар“, вели еден жител.

Тој посочува дека водата се повлекла најмалку 15 метри, а можеби и повеќе, пренесе Телеграф.рс.