Монструмот кој ја злоставуваше сопствената ќерка се брани: Користев алкохол и наркотици

Триесет и осумгодишниот Урош П. пред рочиштето во Првото основно јавно обвинителство во Белград, на кое решил да се брани молчејќи, половина час разговарал со својот адвокат за да одлучи дали ќе изнесе одбрана или не.

„Тој го искористи законското право да не дава одбрана, односно да се брани молчејќи. Не плачеше, не ја влечеше косата или нешто слично, не изгледаше како очаен човек. Не ни праша дали неговото дете е живо“, откри соговорникот на Курир.

На рочиштето само рекол дека е зависник и дека користи различни видови наркотици, лекови и алкохол.

„Дури и она што го кажа во една реченица најверојатно е дизајнирано да ја оправда или барем да ја намали неговата вина за она за што беше обвинет“, додава соговорникот.