Млад човек кој води жена на поводник како куче, а таа им лае на минувачите – луѓето запрепастени од глетката

Загрепчаните синоќа останаа изненадени од чуден настан. Имено, еден млад човек прошета низ центарот на градот, водејќи на поводник многу смело облечена девојка во кратко здолниште, мрежести чорапи и штикли.

Како што може да се види од видеото објавено на социјалните мрежи, таа навистина влезе во улогата на четириножно милениче на поводник, па дури и лае по случајните минувачи.