Младиот насилник од Тетово ја држел девојката заклучена во соба и секој ден ја тепал

21-годишен тетовец држел 19-годишна девојка, со која бил во вонбрачна заедница, заклучена во една соба и секој ден ја тепал.

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против насилникот.

„Почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолг временски период ја држел заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал нанесувајќи ѝ многу телесни повреди. Жената искористила можност кога во еден момент осомничениот ја заборавил отклучена вратата, успеала да побегне и настанот го пријавила во полиција“.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на Обвинителството и со решение му определи притвор на осомничениот во траење од осум дена.