Митови и факти – Што се случува со телото доколку немате секс со месеци или години?

Недостигот од се*кс може да има здравствени последици, а тоа е затоа што тој има голем број здравствени придобивки. Некои од овие придобивки вклучуваат намалување на стресот, олеснување на спиењето и подобрување на здравјето на срцето.

Но, што всушност се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате односи, без разлика дали правите пауза намерно или поради комбинација на околности? Експертите објаснуваат што може, а што не може да му се случи на телото кога ќе поминете низ период без односи.

Ваг*ната нема да се затвори

Урбаниот мит е дека вагината ќе се затвори, запечати или ќе израсне нов химен ако немате односи некое време. Дури и кога немате се-кс, вашето тело сè уште произведува естроген и прогестерон, а овие хормони ја одржуваат вагината отворена и флексибилна, вели д-р Кристин Гривс, гинеколог од Флорида. Исто како што лосионот ги смирува сувите раце во зима, естрогенот помага во навлажнување и одржување на вагиналните набори кои овозможуваат вагината да се прошири кога сте сек_суално возбудени.

Можно е вагиналниот отвор да се намали во големина, но тоа се случува по менопаузата и по долга сексуална пауза.

„Со текот на времето, жените во постменопауза кои имаат намалено снабдување со естроген може да забележат дека дијаметарот на ваг_ината станува помал ако немаат однос. Но, според моето клиничко искуство, тоа обично се случува до околу 5 години или повеќе“, вели д-р Гривс.

Недостаток на влажност

Дури и кога жената не е возбудена, вагината е влажна и еластична. Сепак, д-р Гривс објаснува дека ако не сте имале се*с неодамна, вашата вагина може да се чувствува посува, но сувоста сама по себе нужно не е проблем, но може да направи да се чувствувате непријатно.

Либидото може да биде засегнато

Според д-р Гривс, можно е вашето либидо малку да се намали во периодот на апстиненција. Ова може да објасни зошто: ако немате односи, веројатно не се чувствувате толку се-ксуално како кога имате редовен се-кс, а тоа може да влијае на вашиот сек-суален нагон. Добрата вест е дека штом ќе се вратите во акција, најверојатно ќе почнете да се чувствувате се-ксуално, што ќе го поттикне вашето либидо да се зголеми.

Може да се појави анксиозност или депресија

Сек-сот ослободува хемикалии во мозокот, окситоцин и серотонин, кои се одговорни за доброто чувство и го подигаат расположението, вели д-р мед. Гејл Салц, вонреден професор по психијатрија во презвитеријанската болница „Веил-Корнел“ во Њујорк. Кога вашиот систем не ги произведува овие мозочни хемикалии во исти количини, тоа може да влијае на вашето ментално здравје.

Можеби ќе ви треба подолго време за да се возбудите

„По паузата можеби ќе ви треба повеќе време за ваг_ината да се навлажни доволно или целосно да се опушти“, истакнува д-р Гривс.

Кога имате редовен се*с, вашата ваг_ина автоматски оди во фаза на возбуда. Меѓутоа, кога имате долга пауза, потребно е повеќе загревање за да се опуштите. Истото важи и за пенисот, проблемите со ерекцијата не се невообичаени по сушен период.