Миле Head Barmen од Космополит Струмица –  Кафе и Коктел културата во Струмица треба да се на повисоко ниво

Миле Василев (47) од Струмица е можеби најрелевантниот и најмеродавниот за трендот и културата за коктел баровите и кафе културата во Струмица со оглед на неговото долгогодишно меѓународно искуство во областа на барменството и менаџирањето.

Редакција : Миле, вие сте со искуство во менаџирањето на ресторани, но и во една специфична и недоволно објаснета професија, а тоа е бармен, имате повеќе од 27 години работен ангажман во овој сегмент. Каде го имате стекнато статусот бармен и каде се имате работено ?

Миле Василев : Моето искуство се развива паралелно со стекнувањето на знаењето и вештините кои ги совалдував на работните места надвор од Македонија, а ги има многу, но од позначајните би ги издвоил Celebrity Cruises, можеби најелитниот круз бродови, имав огромно искуство во хотел Малија, тоа е шпански ланец на хотели од близу 200 хотели ширум светот, таму бев ассистен на F&B менаџер, главен бармен во Кинг Бар во Петровец, имав прекрасно задоволство да бидам дел од елитниот комплекс Св Стефан во Црна Гора како бар менаџер, шеф на ресторан во Луштица, па хотел Ревиера во Ц. Гора итн…итн, околу 28 години работно искуство во областа на барменството, менаџирањето на ресторани и сали и на луѓето кои беа дел од тој комплексен систем

Редакција: Многу често слушаме сакаме ваков коктел или сакам такво кафе, се користат разни термини, разни мешавини и објаснувања, развиено ли е чувството на клиентите, знаат ли што да побараат?

Миле Василев: Една работа мора да ја појасниме на почеток. Во овој момент сме преплавени со понуди од разно разни кафитерии и ресторани во Струмица со слики и понуди по социјалните мрежи, често симнувани од интернет. Се нуди се и сешто. Точно, народот знае што да побара, се повеќе млади луѓе шетаат низ светот, но прашањето е дали го добиваат вистинското, оргиналното и автентичното. Во најголем дел добиваат импровизација, добиваат продукт со лошо комбинирани компоненти. И, тоа е секако жално и за клиентот конзумент и за нашата професија.

На пример алкохолен коктел е коктел, но безалкохолен коктел е веќе Моктел. Шејкувањето или претресувањето на содржината е најмал проблем. Но, имам дилема колкаво искуство и каде ги имаат стекното вештините колегите од сродните ресторани? Ја девалвираат професијата. Се прават кафиња или коктели, но без да се запази соодноста, квалитетот на млекото или кафето, или пак се прават коктели со се и сешто. Поима немаат за изворноста и автентичноста на производот, а за компонентите внатре во однос на квалитет, масленост и шеќери не сакам ни да зборувам.

За едно кафе да биде достојно, најпрво треба да биде добро чувано, па да биде свежо, па има процес на мелење, на процес на лимитиран притисок, па пота нели доаѓаат т,н барометри во однос на излената моќ на машината.

За коктелите, се користи се и сешто, освен кај нас во Космополит, ретко да најдете коктели или моктели со свежо замрзнато овошје.

На пример фредо еспресото, пиноколадата или фрапе кафето е уметност и наука во однос на пристапот и подготовката. Дозирањето, дали се шејкува со ладно млеко, дали се става пена или млеко е многу важно, бидејќи вкусот не е ист ако импровизираш. Нема замена на продукти и вкусови. Оргинаноста на напитокот е оргиналноста во подговотвката и продуктите. Не е исто кокос и сируп од кокос, или пена и топло млеко.

Редакција : Господине Миле, Струмица е се почеста дистинација на викенд и шопинг туризам во Македонија и соседството. Дали Струмица може да изгради епитет на место каде што се гради кафе култура или котел бар култура и дали клиентите може да добијат квалитет и оргинален вкус?

Миле Василев: Јас имам работено во скоро секој подобар ресторан или кафе бар во Струмица и нескромно ќе зборувам само за себе и таму каде што сега се пронајдов. Квалитетот на понудата е резултат на искуството и вештините на персоналот. Секој клиент кој ќе дојде во ресторант Космополит најпрво ќе биде запознает со културата на Струмица, па во следна фаза ќе ја добие хармонијата и спокојот бидејќи ние сме позиционирани како објект веднаш во паркот и езерцата во Струмица. И, секако ќе добие врвен квалитет и оргинални продукти по оргинални рецептури за целосно да ужува во дегустацијата. Исклучиво кај нас може да добијат кафиња или коктели или на пример ресторантска храна која е оргинална и автентична како што се прави и во Италија или во Скандинавија или Малта итн..

А, зошто ќе го добијат само тука, па затоа што персналот во кујната или на терасата или на шанкот или барот, имаат искуство. Ако некој клиент во Црна Гора ми барал еспресо или капучино, и притоа е од Италија, и таму тоа сум го правел 20 години, па секако дека ќе знам да го правам и тука. Едноставно е.

Редакција : Миле, сте биле и надвор од Македонија, но сте биле и низ рестораните во Струмица. Се пронајдовте ли некаде и зошто токму таму?

Миле Василев За да се пронајдеш мора да постои место на кое има концепт, стратегија за развој но и услуги кои се предизвик да се создаваат и развиваат. Космополит е единствено место кое освен својата положба на мир и спокој заради природата и паркот и езерата, нуди услуги како што е ресторанот за свадби, ресторанот и кафе барот, пијано виски барот кој е уникатен, преубавата тераса, но и идеите за игротека по светски стандарди, односно Космополит разива концепт на услуги за се на едно место. За парови, поединци, семејства и децаи секако pet friendly место. За мојата визија Космополит е вистинското место каде што може да се понуди се што е квалитет и автентично и е место каде што секој може да се ги оствари своите соништа во областа на угустителството и барменството

1 thought on “Миле Head Barmen од Космополит Струмица –  Кафе и Коктел културата во Струмица треба да се на повисоко ниво

Comments are closed.