Мерко: Ако може да се колат јагниња зошто не може кучиња?

„Ако можиме да колиме јагниња, да колиме телиња, да колиме овци, овни, да тепаме диви животни, да ловиме риба, се правиме што ни е потребно за наш живот, а единствено ќе ги чувема кучињата. Да, нека ги чуваат оние ги имаат дома, се друго неможе да се чува. И во законот пишува дека ризичните кучиња треба да се уништат, а кај знаеме кое е ризично? Луѓе се убиваат па некој не сноси одоворност, кучиња се убиваат па треба градоначалниците да сносат одговорност.Јас имам пуштено предлог за измени и дополнувања на законот по мое видувања но ова треба да го направиме заедно. Едно време сите ги тепавме. И со закон бевме заштитени. Тендер правевме со ловното друштво, тие излегуваа ноќе и секое куче кое е надвор од контрола се отстрануваше. Еве отворено ќе кажам по селските општини ги ништат. Кој сака нека речи што сака. Еве јас отворено кажувам, не се плашам ни од закон ни од ништо „Ми рече еден во Мислешево јас наполнав цел трактор. Напаѓаа на стока, напаѓаа на луѓе“.

Oва го рече градоначалникот на Струга Рамиз Мерко на седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион. На седницата беа присутни градоначалниците на општините од регионот, претставници на општинската администрација и претставници на Центарот за развој на југозападниот плански регион,пренесе „Охрид1.мк.“