Мачка скокна врз имам среде рамазанска молитва

За време на рамазанската молитва животното влегло во џамијата, дошло кај имамот и почнало да се гали, а на крајот дури и скокнало врз него и му седнало на рамо.

Имамот со затворени очи само продолжил да ја води молитвата и не дозволил мачката да го вознемирува. На крајот мачката скокна од неговото рамо, а тој и другите продолжија да се молат. Видеото стана вирално.