Малолетник силувал малолетничка во скопско село

Малолетник силувал малолетна девојка во скопско село, известуваат од МВР.

Според полицискиот билтен, немилиот настан се случил вчера наутро.

-На 23.04.2023 во 05.45 часот 52-годишен маж пријавил дека во скопско село малолетник извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од полицијата.