Малолетник од тетовско преживеал хорор – го претепале, па на сила го внеле во возило!

Вчеравечер (10 април) околу 22 часот и 35 минути, во Блок 77 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот Ј.А. од тетовско Селце.

Како што соопштија од СВР Тетово, Ј.А. во 21 часот и 20 минути бил пријавен од малолетник од тетовско Јажинце дека заедно со уште едно друго лице физички го нападнале и го внеле во патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки. Според пријавеното, малолетникот искористил прилика и избегал од
возилото.

Се расчистува и документира случајот, велат од тетовската полиција.