ЛУДАКОТ кој ја уби Невена (16): По злочинот се заклучил во автомобилот, но не успеал да си пресуди

Милица, поранешната сопруга на Стојан Илиќ (38) кој ѝ пресуди на 16 годишната тинејџерка Невена П. попладнево во Србија, изјави дека убиената девојка била врсничка и другарка на нивната ќерка, а од детството биле неразделни. Поранешната сопруга на уапсениот Стојан изјави дека со него има ќерка на возраст од Невена.

– Таа и нашата ќерка се на иста возраст. Тие се заедно од предучилишна возраст, сега нејзе ѝ е најтешко. Нејзиното семејство не беше во добра финансиска состојба. Децата се организираа да ѝ ја платат екскурзијата, собираа пари за да си ја изградат куќата, вели поранешната сопруга на Стојан, Милица. Како што објаснува, 12 години не е во добри односи со Стојан.

– Се разведовме пред 12 години, ме изневеруваше, но никогаш не ми падна на памет дека може да направи вакво нешто. Ја гледаше ќерка си на километар од дома. Последен пат се виделе во саботата. Инаку, тој живеел во стан во близина на Кумабра со својот брат. Наводно работел во Термомонт – изјавила Милица.

Според неа, Стојан има двајца браќа и една сестра. – Нивната сестра е најстара, има еден помал и еден постар брат. Да потсетиме, Стојан Илиќ денеска околу 15 часот е уапсен под сомнение дека со нож ја убил тинејџерката Невена П. и ги повредил нејзините мајка, баба и вујко.

Дедото на убиената Невена пиел кафе со убиецот

– Ништо не можеше да навести дека се подготвува монструозно злосторство, изјави дедото на девојчето кое денеска во Рипањ беше убиено од Илиќ, а оитоа почнал крвав пир во куќата на семејството на жртвата.

Дедото откри дека често пиел кафе со осомничениот. Тој изјавил дека односите со убиецот биле добри. Утринава осомничениот повикал една мештанка на која требало да е ископа шахта.

– Стојан утрово околу 9 часот ми се јави и рече дека ќе дојде, но јас го одбив и реков дека е рано и да дојде подоцна. Откако му се јавив, тој беше недостапен, а набрзо слушнав дека убил девојка со која ќерка му одела на училиште, раскажува жителка на Рипањ, додека дедото на убиената девојка вели дека не бил во куќата за времето на нападот.

– Веста ме изненади. Убаво се дружевме со Стојан и не ми се верува дека ми ја убил внуката и тоа на толку брутален начин – раскажува дедото и додава дека ништо не укажувало дека убиецот бил подготвен да направи нешто толку монструозно.

Се заклучил во кола откако го сторил злочинот

Како што соопшти извор за српските медиуми, осомничениот од непозната причина извадил нож и прво ја повредил мајката на девојчето, а потоа ги нападнал тетката и бабата. Потоа, го киднапирал девојчето и го однел неколку километри од дома, го запрел своето „Поло“ на сред пат и ја избодел Невена.

– Откако го извршил делото, го оставил девојчето во локва крв покрај патот и отишол покрај ресторан каде се заклучил во автомобилот. Кога полицијата го опколи, тој се предаде – додаде изворот на Курир.

Да потсетиме, крвавото злосторство се случило нешто по 14 часот во населбата Рипањ. Илиќ по злосторството побегнал и според мештаните рекол дека ќе си пресуди сам, но полицијата набрзо го привела.