Лила објави фотографија од болничкиот кревет: Кој би рекол дека животот ќе се дели на пред и после ова

Нашата најпозната водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска пред некое време кончено обзнани дека во периодот од декември 2020-та се соочувала со патешествие.

Имено, Лила, умешно криејќи од јавноста, се соочила со една од најподмолните бо лести на денешницава за што почна јавно да зборува во емисии. Овојпат Лила се огласи на Инстаграм со слика од болнички кревет каде напиша:

„Кој би рекол дека животот ќе ми се дели на „пред” и “после” оваа слика! Слика направена половина час пред мојата петчасовна операција на ка нцер на дојка .

Сосема спонтано направена од мојата другарка @annie_a_mark a сега сосема случајно пронајдена во мојот албум со слики . И да… оваа насмевка е искрена и многу зборува .

Зборува за тоа дека воопшто не се плашев и не трао ризирав. Зборува за тоа дека едвај чекав да се случи и да го продолжам патот на излекување!

Добро прочитавте: Не, патот на лекување туку на излекување. Зборува за мојата решеност да го издржам и ова патешествие не баре сум тргнала да снимам уште една од моите емисии!

А денот студен, зимски ама сончев. Го сфатив тоа како добар знак. И беше !!! Без разлика на тоа што ноќта по операцијата бев во вистинска агонија, без разлика што прокле тникит пуштил пипци и по лимфните јазли под пазувите, и што имав закачено три дрена.

Кога хирург како др Фатих Ајдован ќе ти каже дека ќе биде се во ред, едноставно знаеш дека треба да му веруваш. Имам уште многу да пишувам ама не се одеднаш.

А пишувам само заради Вас кои ја биете истата би тка. Првиот чекор до победата е верувањето дека ќе победите! Без него нема да стигнете до вториот. Никој не вика дека ќе биде лесно ама не заборавајте: светот ги памти само победниците !!!“, стои во нејзиниот пост.