Лажен полицаец од Пехчево легитимирал гости во скопски локал

На 06.04.2023 во 01.30 часот од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле П.Ѓ.(27) од Пехчево.

-Тој се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, a претходно агресивно се однесувал кон присутните во објектот, лажно се претставувал и барал од гостите и вработените да се легитимираат“, пишува во полициското соопштение.