Ковачевски донел одлука итно да се започне со набавка на лекот за цистична фиброза: Одвоени 140 милиони денари

Министерот за здравство Беким Сали попладнево информира дека обезбедени се 140 милиони денари за лекот „трикафта“, потребен за лицата кои боледуваат од цистична фабриоза.

-За 8 пациенти со цистична фиброза денес се обезбедија буџетски средства за набавка на лекoт Трикафта. Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 ден се зголемува на 703.504.040 ден, односно за дополнителни 140.000.000 ден, појасни Сали.

Ова следува откако денеска премиерот Димитар Ковачевски информира дека донел одлука за веднаш да почне набавката на лекот.

-Разговарав и со министерот за здравство и со директорот на Фондот за здравство и ги замолив да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат. Утрово решив да се преземат конкретни чекори. Да се одвојат веднаш финансиски средства од Фондот за здравство за најкритичните болни од цистична фиброза. Управниот одбор на ФЗО веднаш ја донесе одлуката и да се обезбедат сите средства согласно барањата на Детската клиника. Очекувам лекот да биде достапен исклучително брзо. Агенцијата за лекови и МАЛМЕД имаат задача веднаш да го регистрираат. Нема време за чекање, јас од вакви работи пи-ар не правам. Немам намера да ни умре друг пациент поради оваа невозможна бирократија, изјави Ковачевски.