Кај Католичка во Скопје со 100 км на час беше прег азен тинејџерот Иван Билински – после 7 години судењето не е завршено, а обвинетиот е во Австрија и целиот случај може да застари

Текстот е на телевизија Телма и емисијата КОД, истиот е објавен на 15.11.2021.

Денеска се навршуваат 7 години од трагичната смрт на 15-годишниот Иван Билински од Скопје, кој беше прег азен на пешачки премин на булеварот кај скопскиот Млечен ресторан (во близина на католичката црква).

Судењето за оваа трагична сооб раќајна нес реќа се уште е во тек откако Врховниот суд ја поништи првата прес уда поради пропусти во постапката.

Родителите на синот единец дознале по пошта.

-Ни дојде покана за поштенска пратка и јас заминав во поштата да ја земам. Гледам дека е од суд и всушност внатре стоеше покана до мене за ново рочиште и за ново суд ење. Тогаш разбрав дека Врховниот суд ја поништил пресуд ата.

Да не беше поштарот кој можел и да ја фрли поканата за пратка, немаше да знам ништо дека пак ќе има суд ење за Иван. Тоа беше во април оваа година, а првото рочиште беше откажано поради ков ид-изолација на судијката, ни објаснува Перса Билинска, мајка на прегазениот Иван.

Досега се одржани 4 рочишта од новиот судски процес. Сите се одржуваат без обвин етиот за предизвикувањето на сообра ќајната неср еќа Џенис Мекиќ. Неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ не знае каде е и нема никаков контакт со семејството на Мекиќ.

Но, ниту пол ицијата го наоѓа Мекиќ и во достава до судот пишува дека обви нетиот е надвор од државата и е во Австрија.

Судот одлучува да му суди во отсуство.

Сега и доколку во отсуство обвине тиот биде осуден, ако се врати назад во Македонија има право да бара повторување на процесот.

Со повторувањето и укинувањето на првата пресуда од страна на Врховниот суд, полека истекува времето за пресуда и целиот случај може да застари.

3ак онските рокови за застарување се десет години од денот на кривично-правниот настан, а досега веќе поминаа 7 години.

Врховниот суд ја пон ишти првата пресуда од 2 и пол години затвор поради пропусти во постапката на сметка на обвинетиот, чиј адвокат и натаму тврди дека предизвикувач на несре ќата е друг возач со црвена хонда иако обвинит елството прибра до кази дека Иван е уд рен со Туарегот и им подлегнал на повр едите во Кли нички центар.

-Многу ни е тешко, не знам што е со судството, срамно ни е шшто ни се случува. Попуштивме и со здравјето. Од несреќата до денес преживеав двамоз очни удари, ни изјави Стево Билински, татко на загинатиот Иван.

Погледнете го целиот прилот на КОД: