Катастрофално намалување на нивото на Преспанско езеро

За 560 сантиметри висински е намалено Преспанското Езеро за две години, а водата драстично се повлекува и од брегот, тоа се мери во километри.

Засега никој нема точен одговор која е причината за значителното повлекување на второто најголемо природно езеро во Македонија.

Екологисите и жителите на околните населени места во Преспа со години алармираат за овој голем проблем, но засега нема конкретни акции со кои би се спречило повлекувањето.

Езерото кое е поделено на три држави Македонија, Албанија и Грција го снемува.

Како една од причините за повлекувањето се споменува сушата која трае изминатата деценија, слабите количини на дожд и снег си го направија своето, велат жителите, кои паметат дека Езерото било до патот во туристичката населба Претор, а денес е стотици метри оддалечено.

Како друга причина се наведува испумпувањето на водата за наводнување на земјоделските култури.

Но познавачите велат дека причина плус е неконтролираното природно излевање на Преспанското Езеро кон Охридското преку подземни канали во планината Галичица.