Инцидент во Втората лига: Тренерите на Беласица нападнати во Скопје

Фудбалскиот второлигаш Беласица објави дека се случил инцидент пред мечот против Локомотива Пехчево од 19.коло во Втората лига, кој е закажан за 14 часот на теренот на Фортуна во Синѓалиќ. Струмичани тврдат дека главниот тренер и тренерот на голманите биле нападнати со тупаници, а имало закани дека ќе биде употребено и огнено оружје.

Во тие моменти на стадионот немало полициско обезбедување.

„Скандал пред почетокот на натпреварот од Втората македонска лига помеѓу ФК Пехчево Скопје и ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје!“, објави ФК Беласица.

Натпреварот треба да се одигра од 14 часот, а Локомотива Пехчево се бори за опстанок во второлигашката конкуренција.

Извор: Топспорт