Инфомакс неофицијално: Избега уште еден затвореник од затворот во Скопје – ова се деталите!

До редакцијата на Инфомакс ексклузивно пристигнаа информации дека е побегнат уште еден затворени од затворот во Скопје.

Се работи за затвореник со иницијали А.А. од Кичево кој својата затворска казна ја отслужувал во затворот Идризово.

Сега за сега нема информации како се случило бегството.

Да потсетиме дека неодамна имавме филмско бегство од затворот Идризово во кое беше ранет припадник на затворската. Бегството беше резултат на грабнувањето кое се случи во текот на ноќта, при спровод на затвореникот со висок безбедносен ризик од затворот до болница. Затворската полиција била пресретната од неколку вооружени лица, комбето со кое се транспортирал затвореникот било застанато, имало пукање, полицаец е ранет во бешиката. Затвореникот бил изваден и заедно со вооружените лица се дал во бегство.

Потоа медиумите пренесуваа за уште бегство на затвореник од затворот во Идризово со иницијали Н.А.

Македонија убедливо води во статистиката на затвореници што избегале од затвор. Во нашата земја 691 затвореник на секои 10.000 затвореници избегале од затвор.

Веднаш по нас се наоѓаат Холандија со 315 избегани на 10.000 затвореници и Швајцарија со 284.

Интересен е фактот што некои земји воопшто не пријавиле случаи на бегство од затвор, а меѓу нив се Албанија, Црна Гора, Словенија, Малта и Кипар.

Податоците за оваа карта доаѓаат од Годишната казнена статистика на Советот на Европа.