Изгоре ресторанот „Лајт клуб“ во центарот на Скопје

Во текот на изминатата вечер изгоре внатрешниот дел од ресторанот „Лајт клуб“ на Митрополит Теодосиј Гологанов кај управната зграда на АМСМ во центарот на Скопје.

Според информациите, пожарот избувнал во 4 часот и бил гасен од 9 пожарникари со 4 возила.

Речиси целосно е изгорена внатрешноста на ресторанот, причинета е голема материјална штета, но нема повредени лица, пренесува „Фактор“.