Изгоре автомобил на чувар во затворот „Идризово“

Запален е автомобил во сопственост на чувар од затворот „Идризово“. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, возилото на чуварот било паркирано во неговиот двор, а пожарот настанал во два часот по полноќ.

Чуварот сам го изгаснал пожарот и нема повредени лица.

Минатата недела, специјалци влегоа во затворот и извршија претрес, поради зачестените подметнати пожари на возила на вработени во затворот. Ова е петто изгорено возило во последните шест месеци.

Претходно, опожарен беше службениот автомобил кој го користи заменик-директорот на затворот „Идризово“, Феми Јонузи, пред џамија во село Студеничани.