Ивона Јо: „Во Куманово за настап не ме плаќаат ниту 100 евра затоа што сум била нивна“

Млади и талентирани, бунтовни и познати и надвор од нашите граници, така со неколку зборови ќе ги опишеме гостите во минатонеделната емисија на „Нешто конкретно“.

(Фото) Мелита објави слика на која е скоро гола и ги израдува фановите

Ивона Јо: „Во Куманово за настап не ме плаќаат ниту 100 евра затоа што сум била нивна“

Започнавме со химната, за на крај да отпееме една заедничка песна создадена токму во емисијата. Марио Арангеловски, Ален Хасановиќ, Ивона Јо и Влатко Груевски беа гостите што открија колку е тешко во ова време да успееш ако немаш грб, односно спонзор или родители што финансиски ќе те поддржат во својата кариера. Ивона со исповед дека животот ја научил оти не е доволно само да си харизматичен и да имаш талент за да успееш во овој бизнис, додека Марио изјави дека неговата нова песна е негов експеримен и ни тој самиот не знае што прави во неа дали пее, рецитира или рапува.

Турската ѕвезда Озџан Дениз (49) ја запроси својата девојка дизајнерка од Иран (26)

Се следат ли слепо трендовите од соседството само да се постигне успех без да се процени дали тој тренд е вреден за следење?

Тенорот Влатко Груевски зборуваше за публиката на класичната музика во Македонија, за тоа како таа публика оди на вакви настани само ако добие гратис влезници, „дури се однесуваат како да треба да се осетиш почестен што ти дошле во публика со гратис карта“ рече тој.

Потребни ли се финансии за да видеото на платформата YouTube има голема гледаност, дали квалитетот на песната / видео спотот е пресуден или потребен е трикот наречен маркетинг кој сепак кошта?

Според Ивона Јо не е доволно само да имаш добар производ, „јас знам многу добри песни што имаат малку прегледи“, со тоа не се согласи нејзиниот соговорник и колега Ален Хасановиќ па и одговори „епа толку се добри“.

Изгледајте ја целата емисија на нашиот канал на YouTube и дознајте колку нашите гости се задоволни од начинот на работа на Гранд Продукција со оглед на тоа дека тројца од нив беа дел од шоуто.