Затвореник се обидел да избега од затвор преправен во овца (ФОТО)

Затвореникот Хозе Луис Калисаја Дијаз се обидел да побегне претходно овој месец од Чончокор, затвор со максимална безбедност во Боливија, преправен во овца, пренесуваат медиумите.

Познат како „Ел Аранџа“, Дијаз користел овча кожа за да се протне покрај полициското обезбедување и чуварите и, маскиран како што бил, се обидел да се пробие до еден од надворешните ѕидови на затворот.

Обезбедувањето навреме забележало дека Дијаз, кој одлежува 15 години затвор за убиство, не е во ќелијата и набрзо целиот затворски персонал се кренал на нозе.

Фотографиите од неговиот бизарен обид за бегство го покажуваат Ел Аранџа како лази на раце и нозе низ полето додека носи овчо крзно.

1 thought on “Затвореник се обидел да избега од затвор преправен во овца (ФОТО)

Comments are closed.