Загина тиктокер на 27 години додека сакал да сними видео од карпа висока 21 метар

Едгар Гарај е познат тиктокер кој трагично го загуби животот обидувајќи се да сними видео од карпа висока 21 метар.

За овој немил настан информирал брат му кој рекол дека нуркачите морале да го извадат телото од подводна пештера во Индијана, САД.

Гарај кој загина на 27 години последен пат бил виден во неделата на 29 јануари кај светилникот во Кабо Роху, во Порторико.

„Изразуваме најдлабоко сочувство на семејството и најмилите на Едгар и се молиме да пронајдат сила во овие најтешки моменти – рекол Хозе Е. Дијаз, командатот на крајбрежната стража на Сан Хуан.