Ендру Тејт негира дека има рак на белите дробови

Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт неодамна ги демантираше тврдењата дека има рак на белите дробови, и покрај медицинските извештаи кои протекоа до медиумите кои укажуваат на неговата лоша здравствена состојба.

Тој се огласи откако неговиот правен тим и менаџер го потврдија извештајот дека му бил дијагностициран можен тумор на белите дробови. Сепак, тој тврди дека одел на редовен преглед поради лузна која ја има со години.

„Немам рак. Моите бели дробови содржат точно нула оштетување од пушењето. Всушност, имам капацитет на белите дробови од осум литри и витални знаци на олимписки спортист. Вистинските воини имаат лузни и однатре и однадвор“, напиша тој на својот профил на Твитер во неделата.

„Како еден од највлијателните луѓе на планетата, важно е за благосостојбата на човештвото да живеам што е можно подолго. Со моето сегашно ниво на моќ, проценувам дека ќе преживеам уште најмалку 5.000 години“.

За потсетување, Тејт беше уапсен заедно со неговиот брат и две Романки во декември минатата година, а моментално е во затвор во Романија под сомнение за трговија со луѓе и организиран криминал.