Единствениот патник кој купил билет, а не бил во авионот – авионот се срушил по 6 минути!

Среќа во нecpeќа. Бил лут што не го пуштиле откако закаснал, а потоа бил благодарен што се случило тоа.

ГРКОТ АНТОНИС МАВРОПУЛОС ДОЦНЕШЕ ДВЕ МИНУТИ НА ЛЕТОТ АДИС АБАБА-НАЈРОБИ КОЈ НА КРАЈ МУ СПАСИ ЖИВОТОТ ЗАТОА ШТО ТОЈ АВИОН се урнал САМО 6 МИНУТИ ПО полетувањето.

ПОЧИНАА СИТЕ 157 ПАТНИЦИ И ЧЛЕНОВИ НА ЕКПАЖОТ.

Иако се нервираше што доцни и што не сакаа да го пуштат пред капијата, сега е повеќе од благодарен што е жив.

На Фејсбук објави и слика од авионската карта.

Инаку, Мавропулос е претседател на непрофитната организација „Меѓународна асоцијација за цврст отпад“ и требаше да присуствува на годишното собрание на Програмата на ОН за животна средина.

„Бев лут затоа што никој не сакаше да ми помогне да стигнам до капијата на време.

Гледав како луѓето влегуваат во тунелот и викав да ме пуштат… Сега сум среќен што сум жив“, напиша тој.

Полицијата го замолила да го испраша зошто задоцнил на летот и тогаш ја дознал тpaгичната вест.

Антонис потоа се обидел да избегне сослушување бидејќи не сакал да го пропушти вториот лет, но полицаецот му рекол дека треба „да му се заблагодари на Бога, а не да протестира“ и дека мора да го испрашаат бидејќи тој е единствениот патник кој платил за билет , а тој не бил во авионот.

По испрашувањето, тој бил ослободен, а на интернет проверил дали авионот навистина се уpнал и веднаш му се јавил на семејството да им каже дека е жив.

„Ова беше мојот среќен ден“, напиша тој.