Дојавите за бомби доаѓаат од адреси од Иран и Русија, МВР ќе постапува според новите упатства

Ова е еден интензивен хибриден напад што ни се случува низ целата територија на земјата, при што беа зафатени околу 120 објекти, не само училиштата. Безбедносните служби активно работеа, безбедноста не беше загрозена но мораше да се постапува според упатствата. Направивме оперативен тим од различни институции кои учествуваат со свои експерти и бараме соодветни решенија за да најдеме поинаков пристап кон електронските закани. Јас како министер донесов ново успатство за постапување и од петокот училиштата функционираат според тоа упатство, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во СТУДИО 10 на ТВ 24.

-Интензивно се работи на откривање на сторителите. Неколку случаи беа разрешени. Сега имаме една изолирана група и се работи на случајот. Не станува збор за закани кои се случуваат само во нашата земја туку со истото се соочуваат и земјите од регионот. Во последните денови мејловите се испратени од адреси во Иран и Русија, а уплатите на ВПН услугите се со криптовалути што го отежнува пронаоѓањето, вели Спасовски.