Дефектолог од Скопје нанела повреди на малолетно лице додека била ангажирана

Повредите околу ушите на дете биле аларм родители од Скопје да се посомневаат дека таа е малтретирана. Осомничназа тоа е дефектолог која му држела приватни часови на девојчето и која е повикана на разговор од страна на полицијата. Со дефектологот бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата.

„Н.П.(44) од Скопје пријавил дека на 18.03.2023 околу 16.30 часот неговата сопруга му кажала дека нивната малолетна ќерка имала повреди во пределот околу ушите, кои ѝ биле нанесени од Е.С.(36) – дефектолог од Скопје, која приватно ја ангажирале да држи часови на нивната ќерка“, соопшти МВР.