ДВЕ РАЗБОЈНИЧКИ КРАЖБИ СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ВО РОК ОД ДЕСЕТ МИНУТИ ВО СКОПЈЕ!

Див Запад не ни е рамен, вчера вечер во Скопје се случиле две разбојништва во рок од десет минути, дознава Инфомакс.

Според нашите информации ограбена е обложувалниза на “Златна Копачка” во општина Гази Баба и аптека на Еурофарм во Центар.

Двете се ограбени на разбојнички начин со употреба на огнено оружје. Според првичните информации ограбувачите одземале поголема количина на пари, но за среќа во двата настани нема повредени лица.

Извор: Инфомакс