Две лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Кисела Вода

Две лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Кисела Вода. Во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко моторно возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(70) од Скопје излетало надвор од коловозот.

На местото на несреќата починале возачот и сопатникот С.О.(65) од Скопје, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.