Дани Алвеш дели автограми во замена за цигари

Дани Алвеш моментално е во затвор поради наводно силување на 23-годишна девојка во ноќен клуб во Барселона.

Како што пишуваат шпанските медиуми, тој е многу депресивен откако дознал дека сопругата Јоана Санз го напуштила.

Сепак, медиумите тврдат дека Алвеш се снашол и е многу популарен меѓу затворениците.

Еден затвореник, кој има пристап до сите делови на затворот, ги собира дресовите од каталонскиот клуб што му ги дале другите затвореници, а кои им ги донеле членови на семејствата и пријателите.

Потоа ги носи кај Алвеш за да ги потпише. Тие дресови им се враќаат на затворениците, а фудбалерот за возрат добива цигари.