Дали Џорџина ќе биде казнета за прекршување на кодексот на облекување во Саудиска Арабија?

Џорџина РОДРИГЕЗ и Кристијано Роналдо се преселија во Саудиска Арабија каде има строги правила за облекување кои секоја жена мора да ги следи.

Всушност, во таа земја владее шеријатот, а жените се обврзани да го покриваат целото тело. Кодексот на облекување наложува „скромност и пристојност“, па затоа не смее да се носи тесна или проѕирна облека. Во јавноста, Џорџина треба да носи абаја, традиционална долга туника со темна боја.

Џорџина и Роналдо живеат под новите правила веќе еден месец, но манекенката неодамна го прекрши кодексот на облекување на вечера со својот вереник, појавувајќи се во кратко здолниште, поради што и се заканува парична казна.