Грчева: Не избркаа од Соборниот храм

Лидерката на Глас за Македонија, Солза Грчева, реагира дека вчера заедно со други верници била избркана од Соборниот храм со зборовите – „Ајде, тргајте се од тука“.

На социјалните мрежи таа објави за непријатното искуство, појаснувајќи дека никаде во светот не наишла на затворени врати во црква за време на празни
Нашиот Соборен храм, од каде штотуку доаѓам, ни го затворија пред нос во 19 часот. На нашиот најголем празник. Сите што чекаа да влезат и купат свеќи и остават пари и ја помагаат со тоа и црквата, бевме избркани со зборовите: „Ајде тргајте се од тука”.

„На Велигден затворен главниот храм. Цел свет прошетав, ниту една црква затворена на празник не сум начекала. А се жалат дека се намалил бројот на верници. Срамота за црквата, греота за луѓето“ – напиша Грчева.

Црквата Свети Климент Охридски во Скопје, наречена Соборен храм, е најголемата катедрала на МПЦ. На страницата на храмот е наведено дека работното време е секој ден од 8 до 20 часот.

Под објавата на Грчева, голем број на верници и дадоа поддршка, а чести беа и реакциите дека само неколку минути откако ќе запалеле свеќи, истите биле гасени од страна на црковни службеници, наместо да догорат сами.