Груби со коментар за фотографијата на која убиениот Јетон Кривањева е во друштво на Талат Џафери

Вицепремиерот, Артан Груби, одбива да го коментира убиството кое се случи вчера во Стара скопска Чаршија, каде беа убиени две лица, порачувајќи им на институциите што поскоро да го истражат и да го решат.

-Немам допирна точка, сакам институциите да истражат и делуваат. Со тој свет на дрога, дилерство, криминал немам допирана точка. Апелирам да се реши час поскоро, ги охрабрувам институциите да постапуваат ригорозно – рече Груби во интервју за 24Анализа.

Тој повтори дека не сака да го коментира инцидентот, велејќи дека не е детектив, а како доказ за заложбите на Владата да се справи со криминалот рече дека изминативе години се запленети рекордни колични на дрога.

Во врска со фотографијата која се рашири во јавноста, а на која убиениот Јетон Кривањева е во друштво со претседателот на Собранието, Талат Џафери, Груби рече дека се работи за најобично фотографирање меѓу функионер и обичен граѓанин