Голем грабеж кај Скопјанка, ВРИЕ ОД ПОЛИЦИЈА!

Голем грабеж и драма се случува во моментов во Аеродром во близина на Скопјанка каде неколку напаѓачи со хируршки маски ограбуваат објект за кој се уште не е потврдено дали е обложувалница или некој од дуќаните на таа локација.

Според нашите информации на терен се неколку полициски екипи меѓу кои и Интервентната полиција.

Засега нема информации дали ограбувачите се уапсени и дали има повредени лица.