Ги фатиле со 30 килограми дрога: Словенки по потекло од Косово уапсени во Белград

Во полициска акција во Белград се уапсени државјанкиte на Словенија Х.В. (29) и Х.Б. (24), сестри по потекло од Косово и Метохија. Тие се во притвор затоа што постои сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Имено, полицијата извршила увид во автомобилот „Сеат“ управуван од Х.В, додека на совозачкото седиште седела Х.Б. Во багажникот полицијата пронашла 48 пакувања со марихуана, кои наводно биле пренесенувани за препродажба. Кај нив се запленети вкупно околу 30 килограми марихуана.

Интензивно се работи на расветлување на овој случај. Станува збор за полициска акција каде по дојава било пресретнато возило на словенечки државјани, по што биле приведени во полициска станица – вели извор на српски „Курир“.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

ЖИВОТ НА ВИСОКА НОГА
Сестрите Х.В. и Х.Б. на социјалните мрежи често објавуваат детали од својот живот, вклучително и во каков луксуз живеат, колку патуваат и каде одат на шопинг.

Судејќи по фотографиите, помладата сестра често е во Минхен со сопругот, а сестрата Х.В. доаѓа да ги посети.

Одат заедно во шопинг, па на сликите често има брендирани чанти и чевли, а овие многу внимаваат да бидат во тренд кога е изгледот во прашање, а многу си личат – вели изворот на „Курир“.

Х.Б. на социјалните мрежи често истакнува дека по потекло е од Косово, па се потпишува како „kosovogirl“, односно девојка од Косово.