Вчера во Скопје – Прегазил полицаец и се дал во бегство 

Вистинска драма вчера се случувала во центарот на Скопје каде се одвиваше филмска потера. Како што дознава Инфомакс еден полициски службеник е повреден при потерата.

Како што неофицјално дознаваме вчера околу 12 и 30 часот по полноќ на булевар Трета Македонска Бригада патничко моторно возило било запрено од полициски службеници, но наместо запре возилото истото се дало во бегство.

При обидот за запирање на возилото бил повреден еден полициски службеник кој со полесни телесни повреди е однесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза.

По половина час потера по улиците на Скопје, возилото е сопрено, а патниците се уапсени