Во текот на ноќта нов силен земјотрес во Турција

Според последните податоци, најмалку 4.300 луѓе загинаа во разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Во текот на ноќта уште еден силен земјотрес се случи во централна Турција, со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала.

Последните податоци што ги објавија агенциите од Сирија покажуваат дека таму загинале најмалку 1.444 лица.

Најмалку 5.606 згради се урнаа за време и по земјотресот што рано утринава ги погоди јужните делови на Турција и Сирија, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Спасувачките тимови се тркаат со времето за да најдат преживеани.