Во исчекување на новата верзија на видео играта “Кантер”

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се подготвува да лансира нова верзија на легендарната игра.

Бета верзијата треба да се појави веќе овој месец, новинарот за еспорт Ричард Луис тврди дека Valve долго време работи на продолжение на CS:GO, кое наводно е речиси готово. Тој вели дека студиото веќе одржало таен тест на акцијата во прво лице во кој учествувале група професионални гејмери ​​кои долетале од Сиетл. Луис вели дека Valve планира да започне со бета тестирање на играта во пошироката заедница Counter-Strike до 1 април.

„Голем приоритет е играта да излезе, за да може да се ‘исполира’, односно да се решат потенцијалните грешки. Целта е да се доведе играта на ниво што гејмерите го очекуваат од CS“, рекол еден од изворите.

Во однос на подобрувањата, CS ќе има подобра графика благодарение на префрлањето на Source 2, најновата верзија на game engine на Valve.

Наводно, Valve значително го подобри искуството на matschmaking, што значи дека заедницата ќе биде помалку зависна од услуги од трети страни како FACEIT.

Гласините за нов Counter-Strike кружат со години, но овој извештај има посебна тежина бидејќи Луис секогаш објавува веродостојни информации.

Извор: kajgana.mk