Во болница во Лондон, кај 29-годишен Албанец, при преглед е откриено дека неговото срце е на десната страна, а и другите органи биле на спротивна страна

Во болница во Лондон, кај 29-годишен Албанец, кој се пожалил на здравствени проблеми, при преглед е откриено дека неговото срце е на десната страна, а и другите органи биле на спротивна страна.

Според Ора њуз, случајот го открил познатиот албански кардиохирург Кристо Папа, кој живее и работи во Лондон.

– На пациентот кој има 29 години му беше констатирана дестрокардија и инверзии на абдоминалните органи од лево. Ова е редок случај, бидејќи во целиот свет може да има само пет до шест случаи на луѓе кои имаат ваков вид на телесни абнормалности – изјави доктор Папа во онлајн врска за телевизијата.

Тој додава дека тој и колегите во болницата ќе го следат случајот со младиот човек „кој е своевиден феномен за лекарите” и посочува дека е потребна „голема внимателност и умешност при здравствените третмани”.