Вооружен грабеж на кладилнница во Чаир: Две лица се во бегство, украдена поголема сума на пари

Доцна вечерва на улицата Кемал Сејфула во Чаир две вооружени лица извршиле разбојничка кражба во објект на кладилницата “Златна копачка” по што се дале во бегство.

Во моментов екипа на увидна полиција е на терен и врши увид на местото на настанот, а полицијата трага по напаѓачите.

Според нашите информации, украдена е поголема сума на пари.