Воз удри во девојче и го усмрти на лице место- трагична железничка несреќа се случи кај Зеница

Девојче загина во несреќа во населбата Доња Врача во Зеница. Како што објавуваат тамоѓните медиуми, девојчето загинало во железничка несреќа откако ја удрил воз при се уште нејасни околности.

– Во 15 часот и 45 минути во средата во населбата Доња Врача се случи железничка несреќа кога патнички воз удри во девојка, која почина на лице место, изјави за порталот „Аваз“ портпаролот полицијата Елведин Фишек.

Како што потврди портпаролот, идентитетот на девојчето се уште не е утврден.

Полицијата веднаш излегла на терен и извршила увид по што се очекува да бидат познати повеќе информации за трагичната несреќа.