Внук и ја отсекол главата на неговата баба со секира

Артур Б.(37) од Хамбург е уапсен откако со секира ја обезглавил својата баба Амелија (100) години пренесуваат медиумите во регионот.
Обдукцијата покажала дека причина за смртта на старицата е скршеница на цервикалниот дел од ‘рбетот со остар предмет.

При обдукцијата, судскиот вештак утврдил дека жената еден од ударите го добила со секира во грбот.

Оружјето со кое била убиена старицата е пронајдено на местото на злосторството.

Осомничениот не сакал да ја признае вината“, најави главниот државен обвинител.

Се уште не е познат мотивот за нападот.

Соседите велат дека Амелија била прекрасна и дека со неа секогаш имале одличен однос.

„Претходно Амелија ни кажа дека нејзиниот внук упаднал во нејзиниот стан преку терасата и сакал да и ги украде парите“, раскажала сосетката.

Таа додава дека бабата и нејзиниот внук често се расправале.

„Внукот често доаѓаше кај неа и се грижеше за неа, но тие често се расправаа“, вели таа.

Новинарите на „Билд“ разговараа со братучедот на Артур кој го опиша како „црната овца на семејството“.

“Работеше повремено. Беше главно невработен и постојано му требаа пари. Сите во семејството го избегнуваа”, вели роднината.

Артур веќе и е познат на полицијата поради помали кривични дела. Засега нема извештаи за агресивно однесување.