Внуката на Тачи e пронајдена мртва

Косовската полиција во неделата соопшти дека постои сомневање дека 31-годишна жена се самоубила во Обилиќ.

Халил Тачи, пратеник на движењето Самоопределување, во неделата објави дека неговата внука починала. Според косовските медиуми, жртвата чиј целосен идентитет не е објавен, според првичните информации извршила самоубиство.

„Врз основа на предистражни дејствија, иако постојат елементи кои би можеле да бидат самоубиство, полицијата во координација со државниот обвинител започна истрага за смртта и продолжува со преземање на сите истражни дејствија, кои би помогнале во истрагата на инцидент како и целосно расветлување на случајот“, соопштија од полицијата.