ВНИМАВАЈТЕ: Правилното држење на телото е тесно поврзано со депресијата

Сите понекогаш поминуваме низ тешки и тажни моменти во животот. Со текот на времето, емоционалната болка избледнува бидејќи некако сме научиле како да се соочиме со ситуацијата. Меѓутоа, научниците од Универзитетот во Окленд открија начин како побрзо да се чувствуваме подобро без да чекаме да исчезне болката.

Правилното држење на телото може да го поправи расположението и да ги ублажи симптомите на депресија, вели нивното прелиминарно истражување.

„Medical Daily“ ги пренесе резултатите од нивното истражување кое вели дека усвојувањето на правилната положба на телото може позитивно да влијае врз расположението, да ја зголеми самоувереноста и ентузијазмот, да го отстрани заморот и да ја намали фокусираноста на луѓето на самите себеси, во случаите на умерена депресија.

И децата можат да бидат во депресија: Не ги игнорирајте овие промени, можеби не се само лошо расположение!
Науката веќе потврди дека модифицирањето на држењето на телото значајно влијае врз расположението, меѓутоа малку се знаеше за тоа дека ја олеснува депресијата. Авторката на истражувањето, Елизабет Бродбент, која сопственото искуство ја мотивирало да започне да истражува, вели дека е утврдено дека учесниците во експериментот кои го држеле исправено телото околу пет минути, користеле повеќе зборови отколку групата која го држела телото нормално.

Се внимавало групата да седи исправено, со погледот напред и исправени рамена. Се покажа дека овој став е поврзан со помал негативен ефект и помала анксиозност кај двете групи. Исправеното седење им дало повеќе енергија, помалку негативни мисли и помала фокусираност кон самите себеси, со што се олесниле симптомите на депресија.

Овој ефект се појавува и кај луѓе кои немаат депресија, но се тажни. Д-р Бродбент објаснува дека во текот на нејзиниот живот често одела со спуштени рамен и поглед во земјата. Кога започнала да оди исправено и да гледа напред, се чувствувала многу подобро. Заклучила дека била помалку тажна, па истата метода би имала исто влијание кај другите луѓе.

Депресијата е вообичаено, но сериозно растројство на расположението со симптоми кои влијаат врз тоа како се чувствуваме, како мислиме и како ги извршуваме секојдневните активности со што ни се нарушува спиењето и апетитот. Постојаната тага, празнината, чувството на беспомошност, песимизмот, намалената енергија или заморот може да траат најмалку две недели, се сигнали за депресија.

Прилагодувањето на држењето на телото може да ги намали тешките симптоми на депресија со професионален третман со лекови, антидепресиви. Доказите дека доброто држење на телото ја ублажува депресијата ветуваат, меѓутоа потребни се и други истражувања.

Успехот од правилното држење на телото врз менталното здравје, зависи од контекстот и ситуацијата, па се потребни уште истражувања за да се види како делува и врз кого.